Summerland Скопје танцува со Асоцијација Ластовица


На 23 јули 2019 година Асоцијација Ластовица беше дел од летниот фестивал на град Скопје кој е исполнет со интересни активности и евенти, меѓу кои и латино танци со нашите ЕВС волонтери од Турција Сонер и Ѓулај.

Вечерва танцуваме на #Школка со инструктори по латино танц од Турција!Заедно со асоцијацијата "Ластовица" овозможуваме …

Публикувахте от Summerland Skopje в Вторник, 23 юли 2019 г.

Сонер и Ѓулај ја водеа активноста преку покажување на чекори и потоа заедно со публиката играа на музиката во стилот на бачата.

Имаше прекрасна атмосфера и сите посетители имаа можност да научат нов вид на танц и воедно да се запознаат со нашата организација. Во следното видео може да погледнете како се одвиваше евентот.