Студиска посета во Перу


Завршната мобилност од проектот “DisABILITY- Improving quality work of youth organizations working with people with disabilities” се одржа во Лима, Перу од 03.05.2022 до 08.05.2022 година. Како дел од активностите на оваа мобилност имавме шанса да ги посетиме Министерството за здравство, Специјални училишта, ПАРАМАС (Здружение кое се фокусира на промовирањето на спортoт за лицата со физичка попреченост, генерирање на промени и активно вклучување на овие лица во општеството преку спорт), Caja Abierta (Организација посветена на зајакнување на уметничките способности на децата со попреченост чии добри резултати се производ на постојаната поддршка од нивните родители), CEBE Manuel Duato (Институција каде максимално се развиваат потенцијалот и личната автономија на учениците со попреченост за подобрување на нивниот квалитет на живот и постигнување нивна образовна и социјална вклученост.). На оваа мобилност се презентираа и локалните активности кои беа спроведени од страна на организациите вклучени во овој проект (Association for rights of youth and children with disability “Lastovica”(Македонија) Brigada de Voluntarios Bolivarianos del Peru (Перу), Sdrujenie Sporten Klub “Special Olympics” (Бугарија), Associaton of the Disabled People Mugla (Турција), AMVIAC (Мексико), Rejtett Kincsek Down Egyesület (Унгарија) и Fundación Atasim (Еквадор).