
Асоцијација Ластовица отвара повик за пријавување на заинтересирани учесници на проектот со наслов „Developing competences in home-based intervention for children with
autism through Floor Time activities“ согласно Договор бр. 2021-1-МК01–КА122АDU-000018044 во периодот од 01.08.2022 до 05.08.2022 година. Обуката ќе се одржи во Хелсинки, Финска со што учесниците ќе се стекнат со вештини, нови техники и искуствапреку Floor time methods за работа во домашни услови кај децата со аутизам. Сите заинтересирани учесници треба да ги испратат потребните документи најкасно до 01.04.2022 година на нашата е-адреса: nvolastovica@yahoo.com.
За овој проект потребни се 8 специјални едукатори или логопеди, и 2-ца стручни соработници или родители.
Потребни документи:
- Мотивациско писмо
- CV
- Диплома специјален едукатор и рехабилитатор или логопедија
- Потврди за учество на семинари и сертификати за јазици
По поминување на рокот Асоцијација Ластовица ќе формира комисија од 3 члена за избор на кандидатите
Процес на евалуација на кандидатите:
- Мотивационо писмо и интервју со тимот за селекција (20 поени)
- Сертификати во областа на специјалната едукација (20 поени)
- Познавање на Англиски јазик (20 поени)
- Искуство во работата со деца со аутизам (40 поени)