In Their Shoes: Градење инклузивност


Асоцијација Ластовица во периодот од 23.02 до 01.03 2022 година учествуваше на мобилност во Малага, Шпанија на проектот In Their Shoes: Building inclusion, дел од Еразмус+ програмата. Партнери сме во овој проект заедно со организации од Турција, Грција, Србија, Украјна, Шпанија и Полска.
На мобилноста во Шпанија главни цели на дискусија и разработка беа градењето на инклузивност, презентирање на активности за поддршка во семејната средина, емпатија, подигање на свесноста за младите лица со посебни потреби во општеството. Во идниот период од овој проект следат уште неколку мобилности, студентски посети и тренинзи.

Во прилог, галерија од активностите: