
Во периодот од 07 до 13 јули 2021 година, Асоцијација Ластовица беше дел од мобилност во Банско, Бугарија во склоп со проектот DisABILITY: Improving Quality of Work of Youth Organizations Working with People with Disabilities, дел од Еразмус+ програмата.
Асоцијација Ластовица е партнер во проектот заедно со младински организации од Бугарија, Бразил, Еквадор, Унгарија, Мексико, Перу и Турција, каде што главните цели на проектните активности се зајакнување на компетенциите на граѓанските организации и капацитетите за да ги анализираат и адресираат потребите на младите лица со посебни потреби.
Во склоп со проектот предвидени се онлајн тренинзи и тренинг курсеви во Бугарија и Мексико, младинска размена во Турција и студиска посета во Бразил.
Во прилог неколку слики од активностите: