Психомоторна реедукација


Асоцијација Ластовица изминатиот период работеше на вежби за психомоторна реедукација во склоп со проектот „Virtual support through video presentations“ поддржан од ИРИС Мрежата со финансии од Европска Унија.

Психомоторната реедукација е метод на превежбување на сензомотрните или психомоторните искуства на детето кои се недоволно, нецелосно издеференцирани или доживеани, како резултат на присутен дисхармоничен когнитивен или моторен развој.

Дисхармоничниот или забавениот развој на одредени функции или структури од областа на психичкиот развој или развојот на мускулатурата битно го менуваат искуството или доживувањето на детето кон сопственото тело, деловите од телото, кон самиот себе  или кон другите.

Кај овие деца се јавуваат проблеми во перцепцијата и доживувањето на просторот, односите во тој простор, времето, проблеми во математичко /логичко размислување, читање, пишување или неиздиференцирани чувства.

Во прилог снимените видеа кои исто така може да ги пронајдете на нашиот Youtube канал.

 

 

 

 

(Вежбите се превземени од практикумот на Татјана Говедарица)