Изработка на Е-платформа


Асоцијација Ластовица – Скопје од месец Август започна интезивно да работи на креирање на содржини за учење од далечина. Виртуелната помош и поддршка на деца, млади, семејства и институции ќе биде преку едукативни содржини, видеа, слики, постови, видео линкови за директна комуникација со професионалци.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поддржува Асоцијацијата за права на деца и млади со посебни потреби „Ластовица“ да изработи виртуелен Е-центар за поддршка на деца и млади возрасни со инвалидитет и нивните семејства.