Онлајн конференција


На 10.07 2020 година во 11:00 часот се одржа онлајн конференција преку платформата Zoom во организација на Асоцијација Ластовица.
Темата на онлајн конференцијата беше ИЗВЕШТАЈ „Анализа на потребите, интересите и вештините на младите мигранти како предулсов за успешна социјална инклузија преку вработување“ – истражување направено преку проектот финансиран од ЕУ како дел/членка на ИРИС мрежата.
Во текот на конференцијата се презентираа резултатите добиени од проектот кои овозможија да се направи анализа за социоекономскиот профил на мигранти и бегалци кои престојуваат (периодично или долгорочно) во Република Северна Македонија во два прифатни центри во Куманово и Гевгелија. Беше применета стандардната методологија за квантитативна основа – прашалник, од каде се собраа податоците за нивото на образование на мигрантите, работното искуство, вештини, изгледите за вработување и идните аспирации.

Основната цел на овој проект беше да обезбедат информации за личните карактеристики на мигрантите (бегалците), нивната професионалност, придонесувајќи за развој на инклузивната мигрантска политика. Со собирање на податоците за работното искуство стекнато во земјите на потекло, се доби ажуриран, детален профил на мигрантите, со цел разбирање на она што ги тера да го напуштат својот дом и како можат подобро да се интегрираат во дестинацијата/земјата во која мигрираат. Направените анализи можат да бидат корисни за прилагодување на регионалниот или европскиот пазар на трудот.

На следните слики може да погледнете како се одвиваше онлајн конференцијата.

За повеќе информации во однос на спроведеното истражување може да проследите на следниот линк со симнување на приложените документи:

https://lastovica.org.mk/archives/614