Работа на терен во ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг


Асоцијација Ластовица – Скопје како дел од ИРИС Мрежата во соработка со партнер организацијата Здружение за едукација и развој на деца и млади „АФРИЕЛ – ПОЗИТИВА“ – Гевгелија и соработниците од Црвен Крст на Град Скопје изминатиот период работеше на терен во ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг како дел од проектот „Анализа на потребите интересите и вештините на младите мигранти како предуслов за успешна социјална инклузија преку вработување“.

За спроведување на истражувањето беше изготвен прашалник кој опфаќа четири делови, со цел да се добијат информации за поставените цели на истражувањето, и тоа:

  1. Лични информации
  2. Патувањето низ Р.С. Македонија
  3. Ситуацијата во Р.С. Македонија (приходи, работа, линк со ликалното население и сл.)
  4. Идни планови

Активната работа од сите три организации допринесе до успешно добивање на дозвола за работа во прифатните центри, ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг и прибирање на податоци на терен во кои беа вклучени и интервјуирани 208 мигранти кои престојуваат во именуваните транзитни центри на ниво на Р.С. Македонија.

Следната фаза од проектот ќе биде обработка на добиените податоци и изработка на извештај врз основа на добиената статистика, со што ќе следува и конференција на која ќе се изнесат пред засегнатите институции.