Летни активности со нашите ЕВС волонтери


Нашите ЕВС волонтери своето време во Асоцијација Ластовица за време на летото го поминаа со многу креативни и социјални активности.

Цел месец јули организираа два пати во неделата вечери на латионо танци, каде што присутните граѓани имаа можност да танцуваат со инструктор и да се забавуваат.

Организираа пикник дружби во дворот на Асоцијација Ластовица, заедно со децата и младинците во дневниот центар и гости.

Го уредуваа дворот и оградата во Центарот.

Ги красеа ѕидовите со цел постимулативна средина на децата и младинците кои го посетуваат нашиот Центар.

Организираат работилници со цртање како групни активности со нашите корисници.

Прекрасно поминато лето со нашите вредни волонтери.