Нови можности за лица со посебни потреби


Во периодот од 23 – 31 Август 2019 година, Асоцијација Ластовица присуствуваше на Ерасмус + младинска размена во Плевен, Бугарија со 10 учесници под името „Нови можности за лица со посебни потреби“ заедно со учесници од Бугарија и Турција.

Учесниците имаа можност да учествуваат во разни активности, да се дружат со луѓе од други култури и да се забавуваат. Понатаму имаа можност да посетат локално училиште, да се вклучат во активностите, да пеат и танцуваат пред публика, да шетаат во преубавата природа во Плевен, да ја претстават сопствената држава и да запознаат други култури, да го посетат градоначалникот на градот, да стекнат доживотни пријателства и да и покажат на околината дека се тука, дека се отворени за нови искуства и дека можат да ги срушат бариерите и стереотипите што средината ги има за нив.