12-ти Меѓународен атлетски фестивал во Истанбул, Република Турција


Асоцијација
„Ластовица“-Скопје во периодот од 01-04 Мај 2018 година ја имаше честа да
учествува на Меѓународен атлетски фестивал кој беше организиран од страна на Истанбулската
покраинска управа за национално образование, Општината Ушкудар, Младинските
сервиси и Спортската покраинска управа за млади и Универзитетот од Мармара во
Истанбул, Република Турција со тим составен од пет учесници и три терапевти.

За прв пат оваа
година, после 11 години организирање на национално ниво, организаторите го
направија фестивалот меѓународен и нашата организација имаше можност да
присуствува на еден прекрасен и инклузивен настан, на кој што учесниците имаа
можност да се натперваруваат, да се забавуваат, да се социјализираат и да
искусат една поинаква култура. Секој учесник од фестивалот имаше можност да
трча на професионална атлетска патека на кампусот на Универзитетот од Мармара и
при тоа за успехот да добие награда.

Организаторите го
направија престојот пријатен и овозможија учесниците да го запознаат Истанбул и
неговата култура преку културни точки изведени од деца и младинци со посебни
потреби од сите делови на Република Турција, патување со брод по Босфор и после
секој ден од натпреварувањата со дружба и музика помеѓу децата и младите кои
беа дел од овој фестивал.

Патувањето немаше да
биде возможно без локалните спонзори од Република Македонија на кои им
благодариме за сите убави моменти и успеси во текот на патувањето во Република
Турција.

Огромна благодарност до: Студио Модерна, Зегин, Шпаркасе Банка, Ред Шпед, Охридска Банка, Плимонт, Рикром, Дадекс-Дејан, Стопанска Банка а.д. Битола, Лонг Траде и Викторија Шпед.