12-ти Меѓународен атлетски фестивал во Истанбул, Република Турција


Асоцијација „Ластовица“-Скопје во периодот од 01-04 Мај 2018 година ја имаше честа да учествува на Меѓународен атлетски фестивал кој беше организиран од страна на Истанбулската покраинска управа за национално образование, Општината Ушкудар, Младинските сервиси и Спортската покраинска управа за млади и Универзитетот од Мармара во Истанбул, Република Турција со тим составен од пет учесници и три терапевти.

За прв пат оваа година, после 11 години организирање на национално ниво, организаторите го направија фестивалот меѓународен и нашата организација имаше можност да присуствува на еден прекрасен и инклузивен настан, на кој што учесниците имаа можност да се натперваруваат, да се забавуваат, да се социјализираат и да искусат една поинаква култура. Секој учесник од фестивалот имаше можност да трча на професионална атлетска патека на кампусот на Универзитетот од Мармара и при тоа за успехот да добие награда.

Организаторите го направија престојот пријатен и овозможија учесниците да го запознаат Истанбул и неговата култура преку културни точки изведени од деца и младинци со посебни потреби од сите делови на Република Турција, патување со брод по Босфор и после секој ден од натпреварувањата со дружба и музика помеѓу децата и младите кои беа дел од овој фестивал.

Патувањето немаше да биде возможно без локалните спонзори од Република Македонија на кои им благодариме за сите убави моменти и успеси во текот на патувањето во Република Турција.

Огромна благодарност до: Студио Модерна, Зегин, Шпаркасе Банка, Ред Шпед, Охридска Банка, Плимонт, Рикром, Дадекс-Дејан, Стопанска Банка а.д. Битола, Лонг Траде и Викторија Шпед.