ЦЕЛИ
Целите и принципите на ова здружение се насочени кон минимизирање на социјалните тешкотии со кои оваа популација се соочува и демаргинализирањето на лицата со посебни потреби од секоја општествена сфера, со една единствена цел да се изградат силни личност кои ефикасно ќе ги користат сопствените потенцијали.
Сепак, главната цел на оваа асоцијација е обезбедување исполнет живот на лицата со посебни потреби и активно учество во сите аспекти на општествениот живот.
АКТИВНОСТИ
“Програма живо наследство “- Копаничарска работилница за млади со посебни потреби, дел IV (овој дел-четвртата фаза , е е целосно финансиски поддржан од Германската амбасада во Македонија) (2011-2012 г.)
.Во склоп на оваа организација од март 2012г, опстојува истоимениот центар за едукација, релаксација и рехабилитација, кој вклучува: креативни работилници (етно, уметност, музика), основни познавања на работа со компјутери, и сите потребни индивидуални и групни терапии за деца и младинци со посебни потреби. За непречено функционирање на овој центар потребно е максимална посветеност и многу енергија, што за среќа ги поседуваат сите оние кои се на некаков начин вклучени во работата на овој центар.
На 26 и 27 септември 2013 година во Скопје, нашата организација самостојно организираше и реализираше едукативен семинар на тема „ Навремена и правилна детекција на развојните нарушувања кај децата во периодот од раѓање до шест годишна возраст “. На овој семинар како предавачи учествуваа еминетни експерти од најразлични области како што се невропсихијатрија, педијатрија психологија, логопедија и дефектологија . Истиот беше дочекан со големо воодушевување за аудиториумот за кој беше наменет , а тоа беа воспитувачи од градинките, психолози, логопеди, наставници во одделенска настава и останатиот кадар кој е директно инволвиран во работата со децата во конкретната возраст.
Во иднина нашата организација планира да организира ваков тип на семинари и во останатите градови во Македонија.