Училница со подобра инклузија


Aсоцијација Ластовица со свој претставник учествуваше на контакт семинар во Софија, Република Бугарија во периодот од 27 до 31 мај 2018 година.

Работната група на семинарот беа наставници и училишен персонал од предучилишно, основно и средно образование, образование на лица со посебни потреби и лица вработени во невладини организации. Имаше претставници од повеќе земји: Македонија, Бугарија, Хрватска, Шведска, Финска, Полска, Латвија, Австрија, Малта, Португалија и Чешка.

Поставените цели на семинарот беа реализирани со тоа што секој представник од својата земја- институција имаше презентација за својата работа. Со тоа се изврши еден вид на истражување и запознавање со различните модули на инклузија на децата со посебни потреби. Понатаму, беа разгледани повеќе примери за развивање на соодветни ресурси за учениците со различни способности, се разработија повеќе примери за стратешко управување во училница и како да се создаде инклузивна средина. Во склоп со семинарот беше реализирана и едукативна посета на инклузивен центар во Софија.

Во текот на семинарот се развија идеи за можни соработки и воспоставување на контакти за понатамошни партнерства на проекти поврзани со работата со деца со посебни потреби.