Семинар-работилница: Арт-терапија


Асоцијација Ластовица беше ораганизатор на семинар-работилница на тема: Арт-терапија во просториите од центарот водена од арт-окупациони-терапевти со долгогодишно искуство.

Учесниците имаа можност да се запознаат со теоретскиот аспект во работата со арт-терапија и примена кај деца и млади со посебни потреби. Покрај теоријата, имаа можност и да го доживеат практичниот дел, односно да споделат и доживеат искуства преку работилниците.