Семинари на тема: Поддршка, помош и насоки за семејства на деца со посебни потреби – Гостивар и Штип


Асоцијација Ластовица – Скопје организира две бесплатни работилници во градовите Гостивар и Штип во мај 2017 година.

Темата на семинарите беше „Поддршка, помош и насоки за семејства на деца со посебни потреби“ кои се одвиваа во период од 3 деца во секој од градовите.

Опфатени беа теми од сите аспекти со кои децата со посебни потреби и нивните семесјтва се соочуваат секојдневно, водени од професионалци, како дефектолози, дискутирајќи за третманот и образованието, невропсихијатар, логопед, педијатар, психолог, социјалната заштита и законите за лицата со посебни потреби, професионално оспособување и алтернативни форми на згрижување.