Регионална Социјална Академија на Ирис мрежата


Втората регионална социјална академија на ИРИС мрежата на тема „Социјални претприемништа – Иновативен модел за одржлива достава на сервиси и интеграција на маргинализирани групи во пазарот на труд и во општеството“ беше одржана од 27-30 Мај 2019 година во Тирана, Албанија.

За време на престојот учесниците имаа можност да научат повеќе за социјалното претприемништво и неговата методологија, да разменуваат идеи за идни регионални проекти и обавија посета на две успешни социјални претприемништва кои функционираат во Тирана. Асоцијација Ластовица зема учество на академијата со свој учесник.

Мрежата ИРИС е проект фундиран од Европската Комисија и имплементиран со здружени сили од страна на 6 невладини организации од 5 Блакански земји, и тоа: ИДЦ Србија, АСБ Јужно-Источна Европа, СОС Подгорица. ЛИР Цивилно Општество од Босна и Херцеговина, АРСИС Албанија и Ла Страда Македонија.

Во видеото подолу може да видите што се случуваше во 4-те денови поминати на регионалната социјална академија: