Повик за учесници за младинска размена во Плевен, Бугарија

Асоцијација Ластовица заедно со Здружението „Спортски клуб „Специјална Олимпијада – Плевен“ од Бугарија објавува повик за пријавување на заинтересирани учесници на младинска размена во Плевен, Бугарија во периодот од 23-31.08.2019 година, под наслов „Нови можности за лица со посебни потреби“.

Целта на оваа младинска размена е вклучување на млади лица со посебни потреби, како и младинци кои се соочуваат со социјални, економски, географски и здравствени проблеми. Други клучни фактори се невработеност, лица кои се соочуваат со дискриминација, лица кои се социјално ексклудирани и дел од марггинализирани групи од рурални области кои немаат можности за развој.

Повеќе информации можете да најдете во следниот документ:

Заинтересираните учесници може да се пријават на нашата електронска пошта: nvolastovica@yahoo.com или да стапат во контакт со нас на следниот телефонски број: 078 442 794.

Повикот трае до 20.07.2019 година, со што ќе се преиде на избирање на кандидатите.