Неурофидбек или ЕЕГ биофидбек претставува терапевтска интервенција која ги учи пациентите на вештини, преку наградување, да произведуваат мозочни бранови потребни во дадениот момент. Промените на ЕЕГ амплитудите или другите карактеристики на мозочната активност се проследени со звучни или светлосни сигнали. Со реакцијата на овој процес, клиентот учи да ја регулира и подобри својата мозочна функција и да ги ублажи симптомите на разни невролошки и ментално здравствени нарушувања.
Неурофидбекот има добро документирана научна литература и евидентирано е дека кај следниве состојби и заболувања дава позитивни резултати:
- дефицит на вниманието, АДХД
- епилепсија
- проблеми со учењето
- тикови, Tourett-ов синдром
- шизофренија
- депресија/манија
- зависности (алкохолизам)
- пост-трауматско стресно растројство
- анксиозни состојби
- аутистичен спектар на нарушувања
- зголемување на ефикасноста кај спортисти, танчери, оперски пејачи, менаџери, инструменталисти итн.
- хронична болка
- проблеми со раното емотивно врзување
- проблеми со исхраната
- мигрена
- опсесивно-компулсивни растројства
- автоимуна дисфункција
- травматска повреда на мозокот
- проблеми со спиењето
Неурофидбек методата не се смета за лек, туку метод за менаџирање или регулирање на работата на мозокот за да функционира на поздрав начин. Ова се постигнува со повторни тренинг сесии во кои се користи компјутеризирана неурофидбек програма која го учи централниот нервен систем да ги препознае и да ги региулира мозичните фреквенции. Неурофидбек методата го проценува мозокот и овозможува информации за региите кои се дисфункционални и кои ги предизвикуваат одредените симптоми за да можат тие да бидат третирани директно.
Генерално, неурофидбек методата има многу широки можности, од терапевтски до превентивни. Поради тоа, примената на оваа метода во развиените земји е извонредно многу присутна.
Нашата организација од јуни 2019 година има лиценциран ЕЕГ-биофидбек терапевт кој ја спроведува оваа метода во својата работа.
Доколку сте заинтересирани или имате дополнителни прашања може да не контактирате. Третманите се обавуваат со претходно закажување.