Навремена и правилна детекција на развојните нарушувања


Асоцијација Ластовица организираше семинар на тема: Навремена и правилна детекција на развојните нарушувања од 0-6 години, каде што професионалци од дефектологијата и образованието имаа можност да чујат професионалци од полето на невропсихијатријата, педијатријата, логопедијата, психологијата и дефектологијата.