Ментор плус – тренинг


Асоцијација Ластовица ја имаше честа да биде дел од тренинг курс поддржан од страна на Националната Агенција на Република Македонија за Програмата Ерасмус+: Млади во акција.

Тренинг курсот Ментор плус: Подобрување на менторството во ЕВС/волонтерски активности беше одржан од 28-ми  Мај до 2-ри Јуни во Евролатиноамериканскиот младински центар (CEULAJ) во Мулина (Малага) Шпанија, каде што активни ментори развиваа вештини и го подобруваа квалитетот на нивното менторство во волонтерските проекти во Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС). Тренинг курсот беше организиран од страна на Австриската Национална Агенција и Шпанската Национална Агенција.

За време на тренингот учесниците се одразуваа на нивните улоги, обврски, потреби и предизвици со кои што се соочуваат во нивната улога како ментори. Исто така имаа можност да споделуваат искуства и да развиваат предлози со цел подобрување на квалитетот на нивната работа во различни области, како давање на персоналан поддршка на волонтерите, нивно водење за да го стекнат својот Youthpass сертификат, помош во интеграцијата во локалната заедница и превенција и менаџмент на можни конфликти. Менторите имаа можност да дискутираат со оние ментори кои што имаат повеќе искуство во работата и стекнаа различни перспективи и потребни алатки за да бидат во можност да ги советуваат младите волонтери во нивните земји.

Тренинг курсот беше составен од 25 млади лица од Австрија, Хрватска, Грција, Шпанија, Финска, Македонија, Норвешка, Унгарија, Ирска, Литванија, Португалија, Романија, Република Чешка, Естонија, Словачка и Словенија кои што работат како ментори во нивните матични земји.