Работно време: Понеделник-Петок од 17:00 до 20:00
Помагаме и го потикнуваме развојот на децата според стандарди и проценки во шест домени:
- Јазикот и говорот.
- Доцнењето на говорот и јазикот може да бидат првите знаци за одреден вербален проблем (дисфазија), дислексија, оштетен слух, ментална ретардација, аутизам или други состојби, асоцирани со неможност да се воспостави контакт, моторни нарушувања (диспраксија), депривација, проблеми во комуникацијата во семејството или комплицирани психосоцијални проблеми кај деца со мултикултурно потекло.
- Првата година од животот: Слаба вокализација и гугање. Сиромашен контакт со возрасните. Сомневање за оштетен слух. Рефлексите за ориентирање, цицање и голтање се неразвиени; проблеми во исхраната. Краток френулум на јазикот .
- Деца на возраст од 1- 2 години Нема зборови, ниту обид за зборување или други начини да се изрази (гестикулации). Сомневање за недоволно разбирање на говорот и непослушност на команди (запомнете дека рекурентен отитис медија е причина за оштетен слух). Недоволна будност. Тешко се воспоставува контакт со детето. Говорот е слаб и недоволно јасен по вториот роденден.
- Деца на возраст од 3-4 години Говорот е неисправен или нејасен (фонемите или слоговите ги кажуваат со променето место, а долгите зборови ги скратуваат). Големи граматички грешки. Сиромашен вокабулар и тешкотии во изнаоѓањето на зборови. Слаб говор или воопшто или само неколку реченици. Неадекватни одговори, „сопствен јазик”.
- Пелтечењето започнува или продолжува по возраста во која и физиолошки се јавува (околу 3 години). Слаб контакт, детето не застанува да слушне. Тешкотии во следењето на кратките инструкции.
- Деца на возраст од 5-6 години Грешки во изговорот (р,с,л,к итн.), треба да се корегираат пред училишна возраст (ннд- C). Нефлуентен говор (пелтечење, нејасен говор) (ннд-C). Јазикот и говорот се слабо развиени во корелација со возраста. Целокупниот говор е нејасен , што може да се должи на проблемите со моторната или фонолошката флуентност или со тешкотии во способноста за разбирање на говорот.
- Деца на возраст од 7-15 години Сите горе споменати проблеми. доколку не биле иследени претходно.
- Извршна функција
Се фокусира на развој на вештини потребни за учење, како што се само-регулирање, внимание и упорност.
- Социјално – емоционалнен развој
Ја поддржува способноста на вашето дете да ги изразат и да ги регулираат своите чувства и да се развие правилен и соодветен однос со другите.
Набљудувањето на раната интеракција е многу важно: како возрасниот воспоставува контакт со детето; каков е степенот на емоционален развој на детето; каква е психосоцијалната ситуација?
- Физичкиот развој
Се потикнува развој на фината и грубата моторика на целото тело .Кај детето да се градат големи и мали мускули вештини, сила, издржливост и знаења потребни за да се живе правилно и соодветно на потребите за самостоен начин на живот.
- Когнитивниот развој
Поддржува ментални процеси потребни за да се мисли, да има смисла за се околу себе и воедно за светот, како и разбирање на знаење за различни нешта , примената на различни предмети, вклучувајќи математика, македонски и социјални предмети.
- Развој на писменоста
Вклучува способности на децата да ги пренесат своите идеи, мисли и чувства преку зборување и пишување, и нивната способност да ги покажат своите вештини за читање.