Официјално име во целост: Здружение Асоцијација за правата на децa и младинци со посебни потреби „Ластовица“
Кратко име: Асоцијација “Ластовица”
Службено правна форма: невладина организација
Легален регистарски број : 1437
Година на основање: 2002
Адреса: бул: АСНОМ бр. 60/2/18
Поштенски код: 1000
Град: Скопје
Земја: Република Македонија
Здружението “Ластовица” е невладина организација која ги промовира правата на децата и младите со посебни потреби.
Целта на оваа НВО е масивна интеграција на лицата со посебни потреби во сите делови на животот. Овие деца и младинци имаат право на еднакво учество во заедницата, исто како и секој од нас. Тие заслужуваат да имаат отворени врати во секој аспект на живеење: здравството, образованието, културата и јавниот живот. Неминовноста од подигање на јавната свест во нашата земја, ја наметнува потребата од фунционирање на нашата асоцијација токму во тој правец . Преку активностите и напорите што оваа НВО прави, децата и младите со посебни потреби треба да го најдат своето место во општество и да се почувствуваат како рамноправни граѓани на нашето општество, поштедени од секаква дискриминација.
Од март 2012 година како активност на организацијата отворен е истоимениот центар за едукација, релаксација и рехабилитација, кој вклучува: креативни работилници (етно, уметност, музика), основни познавања на работа со компјутери, и сите потребни индивидуални и групни терапии за деца и младинци со посебни потреби. За непречено функционирање на овој центар потребно е максимална посветеност и многу енергија, што за среќа ги поседуваат сите оние кои се на некаков начин вклучени во работата на овој центар.
НВО Ластовица има свои подружници (истурени единици) во источниот, западниот и централниот дел на земјава кои работат и функционираат под исто мото и со исти цели како и централната единица во Скопје