ЕВС – нов чекор кон инклузија!


Асоцијација Ластовица имаше одлична можност да присуствува на тренинг курс од 25-ти јуни до 4-ти јули во Кастела, Сплит, Хрватска, организирана од страна на Здружението Анѓели. Проектот поврза 30 младински работници/лидери, членови на колективот, ментори, соработници кои се активни во полето на волонтеризмот. Присутните учесници доаѓаа од 9 Европски земји: Хрватска, Македонија, Романија, Турција, Естонија, Словачка, Бугарија, Полска и Италија. За време на тренингот кој беше во траење од 10 дена, поддржан од страна на искусни тренери, учесниците имаа можност да ги разгледаат сите можни проблеми поврзани со Европскиот Волонтерски Сервис и други волонтерски можности, на Европско ниво, со посебен фокус на развој на програми за поддршка на младинци со помалку можности.

Главната цел на проектот беше да се зајакнат капацитетите на младинските организации во полето на волонтеризмот во Еразмус Плу Програмата и преку имплементација на разни активности следните цели беа постигнати:

  • зголемено знаење на учесниците за Еразмус Плус Програмата,
  • насоки за здобивање на ЕВС акредитација,
  • ЕВС циклусот,
  • развој на партнерства на Европско ниво,
  • знаење/ставови/вештини потребни за поддршка на волонтери со помалку можности.

*