Дентална едукација од ПЗУ „Вита-Дент“


На 16 Мај 2018 година во просториите на Асоцијација Ластовица се одржа работилница под наслов „За нашите запчиња“ од страна на д-р Славица Ѓурческа-Горјанска и нејзиониот тим од ПЗУ „Вита-Дент“ Порта Влае по повод 25 годишнината на денталната ординација.

Преку интерактивна презентација децата научија за млечните и трајните запчиња; која храна е соодветна и несоодветна за одржување на здрави заби; потоа децата имаа можност да вежбаат правилно четкање на забите на модел и да се дружат.

Огромна благодарност до тимот на ПЗУ „Вита-Дент“ Порта Влае за успешната едукативна работилница.