Асоцијација Ластовица дел од ИРИС мрежата и носител на нов проект


Association Lastovica, IRIS Network member North Macedonia IRIS network #LaStrada #АсоцијацијаЛастовица

Публикувахте от IRIS network в Петък, 9 август 2019 г.

Асоцијација Ластовица од мај 2019 година има чест да биде дел од ИРИС мрежата која е фундирана од Европската Комисија и има за мисија да ги вмрежи граѓанските организации од јужно-источниот дел на Европа.

ИРИС мрежата ги зближува националните мрежи на граѓански организации од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија. Главаната цел на овој проект е подобрување на социјалната грижа на ранливите категории, кои што немаат соодветни услуги обезбедени од локаната или националната управа.

Повеќе информации за ИРИС мрежата може да најдете на следниот линк: http://iris-see.eu/

Асоцијација Ластовица во следниот период, од 15.08.2018 до 14.08.2020 година, ќе спроведува проект насловен „Анализа на потребите, интересите и вештините на младите мигранти како предуслов за успешна социјална инклузија преку вработување“, кој има за цел да изработи студија преку емпириски истражувања кои ќе послужат како основа за иницијативите за креирање на политики, а која ќе се фокусира на профилите на мигрантите, двигателите на миграцијата и миграциските трендови во Македонија како транзит земјa или посакуванa дестинациja.

Во следниот период ќе следат подготовки, спроведување на истражување и обработка на податоците, со цел да се изработи студијата и да се изнесат резултатите и препораките кои се релевантни за градењето на капацитетите во однос на оваа проблематиката во нашата држава и сите засегнати страни.

Овој проект е фундиран од Европска Унија, во склоп со ИРИС мрежата.